НАЈКПРОМ СЕРВИСИ

Одржување и Сервисирање

НАЈК ПРОМ е овластен за одржување и сервисирање на сите марки трактори, земјоделска механизација и останата опрема од својата понуда.Нашиот обучен тим сервисери е секогаш достапен и теренски врши редовен сервис во и вон гаранција, што овозможува брзо и ефикасно отстранување на секакви дефекти.

Сервисните експерти и инженери се здобиени со сертификати за завршена обука во сервисните тренинг центри на сите фабрики со коишто соработуваме.Без разлика дали се работи за тракторите Tafe, Solis, Massey, Hattat или Lovol за приклучоците од нашата широка палета на производи, користиме оригинални делови достапни во секој момент на лагер. Цените на оригиналните деловите се креирани да бидат пристапни до секој купувач, и се најконкурентни на пазарот.

Нашата цел е секогаш на своите купувачи да им овозможиме брза и професионална услуга, комплетно услужлив сервис кога било и каде било.

Сервис: Џоко +389 75 256 463
Сервис: Виктор +389 75  468 397

НАЈКПРОМ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Оригинални резервни делови

Како генерален застапник на повеќе брендови, во делот на постпродажна грижа и поддршка на клиенти, нудиме и оригинални резервни делови. Само со оригинални резервни делови можете да постигнете перфекција во работењето на вашата машина, без разлика дали се работи за мали ситни тековни промени или покрупани потреби.

Само оргиналните резервни делови, изработени од најквалитетни материјали ветуваат долготрајност и сигурност, а со тоа и ефикасност на машината. За да се постигне комплетност, во понудата ги ставивме и оригиналните флуиди, масла и мазива препорачани или произведени специјално за машините кои ги застапуваме.

Бидејќи секогаш сме на страната на нашите клиенти и постоиме да ги задоволиме нивните потреби, во нашата компанија функционира служба специјализирана во доменот на резервни делови.

НАЈКПРОМ

Секогаш достапни за вас

Се со цел да се намали времето на застој на машината, а да се зголеми ефикасноста и ефективноста при работата, сите наши купувачи во зависност од нивната потреба, експресно ќе ја добијат бараната сервисна услуга или совет независно дали се работи на терен, в поле или во домаќинството. Нашите сервисери се максимално достапни и постојано присутни за да одговорат најпрофесионално на вашите барања. Освен високообучениопт кадар, сервисот располага со соодветна техничка опрема за дијагностика, како и соодветен алат.

Доколку сакате да не контактирате по е-маил може да испратите порака овде.